Фан на Роналдо дојде пред Жорге Меси и направи потег за паметење! (ВИДЕО)

383
ФОТО: X

Вчера во Ријад требаше да биде спектакл, Роналдо против Меси за последен пат. Сепак Португалецот поради повреда не настапи, додека Лео одигра само неколку минути.

Мечот го доби Ал Наср и тоа убедливо.

Роналдо во С. Арабија, посебно кај фановите на Ал Наср, е омилен тип, доказ за тоа што вчера направи еден негов фан.

Имено во фоајетот на еден хотел во Ријад, Жорге Меси, таткото на Лео и негово менаџер, беше во разговор со едно друго лице.

Навивачот дојде до нив и направи потег за паметење. Имено тој високо го дигна дресот на Роналдо и му го покажа на Жорге Меси, сакајќи со тоа да стави до знаење кој е кој.

ПретходноМЗТ Скопје ја „растури“ Шибенка за шеста победа во АБА 2 лигата
СледноНигерија прв полуфиналист на Купот на Африкански нации (ВИДЕО)