Фудбалскиот клуб Олимпик Лион ќе поднесе жалба до Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) откако пропадна веќе договорениот трансфер на напаѓачот на Вест Хем, Саид Бенрама.
Иако крилниот напаѓач успешно ги помина сите лекарски прегледи и сите потврди се потпишани меѓу трите страни, Алжирецот не е член на Олимпик Лион, барем засега. Причината? Вест Хем не ги внел навреме потребните податоци во административниот панел на ФИФА, иако, како што велат од Олимпик Лион, постојано го потсетувале лондонскиот клуб што треба да се направи и до колку часот.
Лион е бесен. Бенрама е бесен. Поради тоа францускиот клуб реши да поднесе жалба до ФИФА со надеж дека трансферот би можел да се оствари во наредните денови бидејќи се што претходно било направено било според прописите.
Бенрама сакаше да се врати во Франција каде што претходно играше пред да се приклучи на Брентфорд во 2018 година.










