Најавениот боксерски спектакл меѓу Тајсон Фјури и Олександр Усик мора да се одложи. Фјури се повреди и нема да може да се појави на рингот.
Фјури е шампион според ВБЦ, а Усик според ВБА, ИБФ, ВБО и Ринг. Овој дуел требаше да биде меч на деценијата, но ќе треба да почекаме уште малку да видиме кој ќе ги обедини титулите.
Според Boxing News, хрватскиот боксер Филип Хрговиќ би можел да се вклучи на местото на Фјури и да се бори со Усик на 17 февруари.
Хрватскиот тешкаш има статус на задолжителен предизвикувач за појасот на ИБФ. Тука Хрговиќ ќе се обиде да ја искористи ситуацијата, бидејќи ИБФ најави дека следниот натпревар ќе го закаже против носителот на нивниот појас.










