Англискиот шампион Манчестер Сити на крилата на неверојатниот Фил Фоден славеше со 1:3 на гостувањето кај Брентфорд во последниот натпревар од 23. коло на Премиерлигата. Иако домашните одиграа одличен меч, па дури и први поведоа со голот на Маупај во 21. минута (ВИДЕО), на крајот немаа сили да го запрат налетот на момците на Гвардиола.
Фоден кој вечерва постигна хет-трик, во финишот на првото полувреме погоди за 1:1 (ВИДЕО), а по фантастичната асистенција на Де Бруине во 53. минута ги доведе „граѓаните“ и до водство (ВИДЕО).
Третиот гол на англискиот репрезентативец дојде во 70. минута (ВИДЕО), откако претходно Брентфорд имаше најмалку две убави шанси да израмни.
Со оваа победа Манчестер Сити се израмни со Арсенал со 49 бода на второто место и има само два помалку од лидерот Ливерпул, но и натпревар помалку.