Столе немоќен пред Ен Несири, нов пораз за Рајо (ВИДЕО)

177

Рајо Ваљекано на нашиот Столе Димитриевски загуби на домашен терен во мечот со Севиља од тековното 23. коло во Ла Лига. Лошата низа за тимот од Ваљекас продолжи и вечерва откако Севиља успеа со двата гола на Ен Несири уште во првото полувреме да го зададе финалниот удар.

Ен Несири во 19. минута ги доведе гостите во водство од 0:1 (ВИДЕО), а домашните успеаја да се вратат со погодокот на Палазон во 29. минута (ВИДЕО).

Со вториот гол во 45. минута, Ен Несири повторно ја врати Севиља во водство и за конечни 1:2 (ВИДЕО).

ПретходноФантастична вечер на Фоден, хет-трик за победа над Брентфорд (ВИДЕО)
СледноЛенард ги предводеше Клиперси до нов триумф, Ирвинг за нова победа на Далас