Познато е што значи НФЛ за Америкаците, посебно што значи Суперболот. Па така според ТВ куќа ЦБС, годинашниот Супербол кој се одржа во Лас Вегас а победи Канзас во еден неверојатен финиш, го следеле 123,4 милиони гледачи покрај ТВ екраните.
Фасцинантна бројка секако и за САД.
Според анализите ова е убедливо најгледан настан на ТВ во поновата историја на САД и може да се мери со ТВ преносот од 1969 година и мисијата – Аполо, кога човекот стапна на Месечината. Тогаш имало 125 до 150 милиони гледачи.
Сепак пред половина век биле некои други времиња па оваа компарација не е адекватна.
Има повеќе фактори зошто неделниот Супербол предизвика речиси хистерија во САД, а една од тие секако дека и големиот број мега – ѕвезди во ложите на стадионот во Лас Вегас, потоа двата одлични тима, секако и големото шоу.