Пелистер ќе има максимална поддршка од своите навивачи за дуелот со ПСЖ во рамките на 11. коло во Лигата на шампиони. Од клубот известија дека билетите се распродадени, па „Боро Чурлевски“ ќе „крцка“ за пресметката со францускиот првак предводен од поранешниот македонски селектор, Раул Гонзалес.
Ова ќе биде дополнителен мотив за ракометарите на македонскиот првак во обидот да приредат сензација во Лигата на шампиони и да дојдат до првите бодови.
Натпреварот ќе се одигра в среда (14 февруари 2024 година) во 18:45 часот.