УЕФА и официјално го потврди она што одамна се најавуваше, промените во Лигата на шампионите од сезоната 2024/25. Лигата на шампионите ќе се игра во нов формат со 36 екипи, а со тоа ќе се зголеми бројот на екипи за четири, но и бројот на натпревари што ќе ги одиграат екипите во првата фаза.
Групната фаза каква што ја знаевме досега сега нема да постои. Во новиот формат, екипите ќе бидат класифицирани во една лига и сите заедно ќе бидат рангирани. Секоја екипа ќе одигра по осум натпревари во лигашкиот дел и сите ќе бидат против различни екипи, од кои четири ќе бидат дома и четири на гости.
УЕФА сака да има поконкурентни натпревари, па според коефициентите ќе ги поделат тимовите во четири шешири, така што секоја екипа ќе добие по два ривали од преостанатите шешири и еден од сопствениот шешир, а ждрепката ќе одреди кои ќе бидат ривалите. Две места ќе добијат двете лиги чии претставници во една сезона собрале најмногу бодови во Лигата на шампионите (моментално Англија и Шпанија). Едно место ќе добие третопласираната селекција на првенството која е на петтото место на рангирањето на УЕФА, а тоа е Франција.
Едно преостанато место ќе биде доделено на еден од шампионите во одредени лиги, бидејќи бројот на екипи кои ќе се квалификуваат ќе се зголеми од 4 на 5 екипи.
По лигашкиот дел, каде секоја екипа ќе одигра по осум натпревари, првите осум екипи автоматски ќе бидат во нокаут фазата, додека екипите од 9. до 24. место ќе одиграат два меча дома и на гости за да обезбедат пласман меѓу најдобрите 16.
Екипите кои се под 25. место ќе испаднат без настап во Лига Европа. Впрочем, ќе имаме продолжена нокаут-фаза, каде ќе има своевиден „плеј-ин“ за преостанатите осум места. Продолжувањето на нокаут фазата од осминафиналето ќе се одвива по претходната процедура која веќе постоеше до финалето.
Сите натпревари пред финалето ќе се играат во работни денови како и досега, освен финалето кое ќе биде в сабота.
По истиот принцип ќе се играат и натпреварите од ЛЕ и КЛ, а 36 екипи ќе го користат истиот формат како и Лигата на шампионите.
Со новиот формат секој натпревар ќе биде важен и веќе нема да се случува екипите кои обезбедуваат пласман во нокаут-фазата да играат со резерви во последните две кола во групата, бидејќи сега секој натпревар ќе се бодува. Клубовите ќе имаат зголемување на финансиите и наградите од УЕФА, но и од зголемениот број на натпревари ќе добијат поголема можност за заработка преку резултатите и тв-правата.