Академија ФМП само лесен тренинг за Работнички

138

Екипата на Работнички по поразот во полуфиналето во Купот на Македонија им се врати на победите. Најтрофејниот кошаркарски колектив ја запиша 14-та победа во Првата лига, откако на домашен терен го совлада тимот на Академија ФМП со 99-52.

Џелетовиќ имаше 18 поени, Ефремовски 15 поени, додека пак Бошаелски, Трејс и Шошкиќ запишаа по 12 поени. На другата страна Петровски и Димитровиќ имаа по 12 поени.

Избраниците на Горан Самарџиев одиграа одлично во прво полувреме, во кое постигнаа 47 поени, додека прими само 17 поени, доволно за убедлива победа. Потврда за триумфот дојде во последната четвртина во која повторно одигра убедливо.

ПретходноДознаваме: Бобан Грнчаров сериозен кандидат за клупата на “лавовите“!
СледноУдар за првакот: Феникс му го „зеде скалпот“ на МЗТ Скопје (ФОТО)