МЗТ Скопје изненадувачки е поразен од Феникс со 73-69 во рамките на последниот меч од 18 коло во Првата лига. За избраниците на Васко Атанасов поразот доаѓа по освојувањето на Купот на Македонија.
Рис со 22 поени и 7 скока беше лидер кај победникот, зад него беше Митревски со 15 поени, Трајковски запиша 12. Кај актуелниот првак, Војдан Стојановски имаше 18 поени и 6 скока.
Феникс одигра одлична прва четвртина во која даде 22 поени, а прими само седум. Во следниот период се играше изедначено, со тоа што домаќинот ја задржа позитива од 15 поени (39-24).
Кошаркарите на МЗТ Скопје се разбудија во третата четвртина добивајќи ја со 12-24, но во одлучувачките десет минути не беа на потребното ниво за да дојдат до победа и да ја оправдаат фаворитската улога.










