Баер на +10 од Баерн – победа во Келн и подобрување на рекордот без пораз!

167

Баер Леверкузен со победата на гостувањето кај Келн со 2:0 ја зголеми бодовната предност во однос на Баерн Минхен на десет бодови со што историската титула е на дофат. Денеска четата на Чаби Алонсо стигна до триумф и притоа го подобри рекордот на една германска екипа од 34 едноподруго натпревари без пораз во сите натпреварувања сезонава. А во Бундес по 24 кола има 20 победи и четири ремија.

Келн во 14 минута останаа со играч помалку поради исклучување на Тиелман заради груб прекршок. Во 38 минута Баер дојде во предност со гол на Фримпонг, а точка стави Грималдо во 73 минута.

Инаку ова беше 50-ти меч за Чаби Алонсо на клупата на Баер.

ПретходноНестварно промашување на Халанд на манчестерското дерби (видео)
СледноСедлоски: Горд сум на овие млади момци, Работнички заслужено победи!