„Л’Екип“: Мбапе и Конате го убедуваат Олисе да се пресели во Реал

0

Реал Мадрид и натаму покажува интерес за фудбалерот на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, а во француската репрезентација веќе има соиграчи кои се обидуваат да го убедат да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Според пишувањето на „Л’Екип“, секогаш кога Олисе доаѓа на собирот на француската репрезентација, Килијан Мбапе и Ибраима Конате му зборуваат за тоа колку е прекрасно да се игра за Реал Мадрид.

Дваесет и четиригодишниот офанзивец има договор со Баерн до 30 јуни 2029 година, а германскиот клуб веќе започнал преговори за негово продолжување. Реал внимателно ја следи ситуацијата, а и самиот Олисе е свесен за интересот на мадридскиот гигант.

Минатото лето раководството на Баерн порача дека нема намера да го продаде Французинот, дури ни за понуда од 500 милиони евра.

ПретходноПадна договор: Скалони на кормилото на Аргентина до 2030 година