Митровски и Алиоски се пожалија на повреди

1

Двајца фудбалери на македонската репрезентација се пожалиле на повреди во пресрет на утрешниот натпревар со Шкотска, открил на прес-конференцијата во Глазгов, селекторот Гоце Седлоски. Тој вели дека Димитар Митровски и Езѓан Алиоски имаат повреди, но засега нема причина за поголема загриженост и се очекува тие да бидат во комбинација за утрешниот натпревар.

Избраниците на Гоце Седлоски утре од 20:45 часот ќе го одиграат дуелот од петтото коло во Лигата на нации очекувајќи го првиот позитивен резултат.

ПретходноГаштаров: За Македонија секогаш треба да го дадеш максимумот