Брињоне со триумф во Квитфјел – нејзин 25 триумф во СК

68

Италијанката Федерика Брињоне ја оствари 25 победа во Светскиот куп по денешниот триумф на супервелеслаломот во Квитфјел, Норвешка. Брињоне оствари време од 1:37.30 минути, доволно за да заврши пред Лара Гут Бехрами од Швајцарија и Естер Ледецка од Чешка.

Тоа е нејзина 10-та победа во супервелеслаломот во СК и четврта оваа сезона. Ледецка е прв пат на подиумот по речиси четири години.

Вчера во супервелеслаломот во Квитфјел победи Лара Гут Бехрами.

Следните натпревари се во шведскиот Оре на 9 март и 10 март.

Во генералниот пласман води Гут Бехрами со 1594 бодови, пред Брињоне со 1268 бодови и Микаела Шифрин со 1209.

ПретходноМагија на Гандо, Работнички покажа сила! (ФОТО)
СледноЃорѓи Мојсов:Секоја чест за играчите на Тиквеш, освоивме голем бод на Чаир!