Лисиче на нозе: Еуромилк ја победи Шкендија Арачиново во дербито!

4442

Еуромилк – Шкендија Арачиново 2:1 е епилогот од дербито на 14.коло во Третата лига – Север. Голема победа за тимот од Лисиче, па така сега овој тим има 32 бода и е четврти на табелата со минус еден бод зад втората Шкендија Арачиново во овој регион.

Да кажем дека стрелци на денеска беа Филип Петковски и Стојан Стојчевски за пресврт ако се знае дека гостите со голот на Елмир Алии имаа водство од 0:1.

Натпреварот се одигра на игралиштето во Горно Лисиче каде имаше доста публика.

ПретходноТренерот на Валенсија: Од Реал без причина се бунтуваат
СледноМакедонските ракометарки го поправија впечатокот, но повторно загубија од Шпанија!