Манчестер Сити денеска во големото дерби против градскиот ривал Манчестер Јунајтед успеа да победи со 3:1, иако губеше со 0:1. Сепак кога беше најтешком, Фил Фоден одигра маестрално, постигна два прекрасни гола и направи пресврт од 0:1 на 2:1.
Секако дека го засени Ерлинг Халанд кој имаше епско промашување, но сепак ги постави конечните 3:1.
По мечот Пеп Гвардиола не штедеше убави зборови за Фоден:
“Фоден? Па, тој е играч од светска класа. Тој ги решава натпреварите, презема одговорност, тоа го прават само играчи од светска класа. Според мене Фоден во моментов е најдобар играч во Премиерлигата“ изјави по мечот Пеп.