Наполи го “реши“ Јуве, утре Интер може да избега на +15! (ВИДЕО)

273

Во дербито на 27.коло во Серија А, вечерва на “Диего Марадона“ во Неапол, домашниот Наполи со 2:1 славеше против Јувентус, против својот голем ривал.

Јуве имаше многу шанси, барем 3-4 зицери, но сепак мораше на крајот да го признае поразот.

Квича Кварацкелија во 42.минута со убав гол донесе водство за еуфорија на “Марадона“. Сепак во 81.минута Киеза израмнува на 1:1.

И тогаш во таа 88.минута младиот Нонш го згазна Осимен во својот казнет простор, и тоа беше пенал за Наполи.

Осимен шутираше, Шчесни ја одби таа топка, натрча Распадори и стрела за 2:1.

Интересно е тоа што Алегри веднаш по таа грешка го извади од игра младиот Нонш, иако десетина минути пред тоа му даде шанса.

По овој пораз сега Јуве има 57 бода, 12 помалку од лидерот Интер кој утре како домаќин ја дочекува Џенова, па со евентуална победа тимот од Милано ќе има +15 бода и веројатно ќе стави печат на титулата.

 

ПретходноПеп Гвардиолa: Фоден е светска класа, моментално е најдобар играч во Премиерлигата!
СледноБез голови во Билбао, повреди на Де Јонг и Педри кој плачеше на клупата! (ВИДЕО)