Без голови во Билбао, повреди на Де Јонг и Педри кој плачеше на клупата! (ВИДЕО)

365

Атлетик Билбао – Барселона 0:0 вечерва на “Сан Мамеш“. Секако дека се очекуваше од двете екипи, во меч кој беше и дерби на 27.коло во Ла Лига.

Со овој бод Барса и дојде на Џирона само на -1 бод, иако со победа ќе беше пред неа.

Треба да се одбележи дека уште во првото полувреме тренерот на каталонците, Чави Ернандез остана без Френки Де Јонг и Педри кои поради повреди мораше предвреме да го напуштат теренот.

Како што се гледа од видеото, младиот Педри дури и плачеше на клупата откако ја напушти играта.

Фото: X.com

ПретходноНаполи го “реши“ Јуве, утре Интер може да избега на +15! (ВИДЕО)
СледноНеверојатно: Вчера од 10-те голови во ПМФЛ дури девет беа дело на странци!