ПМФЛ: Работнички на Арената ја дочекува Брегалница, Гостивар против забревтаната Брера, Тиквеш гостува кај лидерот…

395

 

За денеска се закажани сите шест средби од 21.коло во ПМФЛ. Се знае дека дербито се игра под Шара, каде Шкендија го дочекува Вардар. Во Кратово домашниот Силекс се среќава со Струга ТЛ, тренерот на кратовци Александар Васоски уште ја чека својата прва победа како стратег на Силекс.

По неколку месеци пауза, Работнички се враќа на Арената “Тодор Проески“ и како домаќин ја дочекува Брегалница. Екстра важен меч за двете екипи.

Младиот играч на Работнички, Матеј Ангелов за денешниот дуел со штипските “сини“ изјавува:

„Натпреварот против Брегалница е многу важен за нас. Подготвени сме за надигрување и сакаме да дојдеме до првиот пролетен триумф. По долг период се враќаме на Арената и тоа ќе биде дополнителен мотив да одиграме квалитетен натпревар. Ги посакуваме трите бода и ќе сториме сѐ да ги освоиме“потенцира Ангелов.May be an image of 4 people, people playing soccer, people playing football and text that says 'K.F.GOSTIVARI BRERA STRUMICA KF GOSTIVARI vs BRERA STRUMICA 14:00 3MARCH SUNDAY GOSTIVAR STADIUM NEXT MATCH #KFGOSTIVARI FAOEBOOK KF GOSTIVARI INSTAGRAM YOUTUBE'

Гостивар кој нема пораз од септември минатата година дома игра со Брера, со забревтаната Брера која во првите две пролетни кола освои шест бода и веднаш го избегна дното на табелата, сега и двете екипи имаат по 26 бода и се на делба на 5.место. Очекуваме интересен, атрактивен и квалитетен двобој.May be an image of 6 people, people playing football, people playing soccer and text

Шкупи на Чаир го дочекува Тиквеш. Лидерот ја има фаворитската улога, тука нема дилеми, но момците на стратегот Ѓорѓи Мојсов секогаш играат отворен фудбал и знаат да изненадат и тоа како.

Во Ѓорче се среќаваат Македонија ЃП и Воска. Се чини еден од најважните мечеви оваа сезона во “лавовите“. Ако не победат тогаш ќе западнат во големи проблеми во однос на битката за опстанок. Ова е меч меѓу два директни конкуренти за избегнување на најлошото.

ДВОЈКИ ЗА 21.КОЛО – ДЕНЕСКА 14 Ч

Шкендија – Вардар

Гостивар – Брера

Македонија ЃП – Воска

Силекс – Струга ТЛ

Шкупи – Тиквеш

Работнички – Брегалница

ТАБЕЛА

Шкупи 42, Струга ТЛ 41, Шкендија 39, Силекс 28, Брера 26, Гостивар 26, Тиквеш 25, Работнички 24,  Воска 21, Вардар 21, Брегалница 20, Македонија ЃП 18

ПретходноЈакимовски на скок до дабл-дабл во новата победа на Вашингтон
СледноРакометарките во нова пресметка со „фуријата“ во евро-квалификациите!