Сасуоло поразен во Верона, крај на сезоната за Берарди, веројатно ќе го пропушти и ЕП

119

Во меч од 27.коло на италијанската Серија А, тимот на Верона со 1:0 го победи Сасуоло. Голот го постигна Свидерски во 79 минута. Напаѓачот на Сасуоло, Доменико Берарди го напушти мечот во 60 минута поради повреда и беше заменет.

Неофицијално, Берарди ја повредил Ахиловата тетива поради што ќе треба да паузира до шест месеци! Тоа значи дека ќе го нема до крајот на сезоната и најверојатно ќе го пропушти ЕП.

Берарди играше на три меча за Италија под водство на Спалети, а пропушти три поради повреди. Тој требаше да биде стартер како десно крило на претстојните мечеви како и на ЕП, но селекторот веројатно ќе треба да ги менува плановите.

На другите натпревари: Емполи – Каљари 0:1, Фросиноне – Лече 1:1, Аталанта – Болоња (од 18:00 ч), Наполи – Јувентус (20:45 ч.).

 

ПретходноЃорѓи Мојсов:Секоја чест за играчите на Тиквеш, освоивме голем бод на Чаир!
СледноНестварно промашување на Халанд на манчестерското дерби (видео)