Спектакл на “Итихад“: Фоден и Халанд го “обоија“ Манчестер во сино! (ВИДЕО)

207

Големото градско дерби на Манчестер победа на Сити против Јунајтед од 3:1, и тоа со пресврт. Голема битка се водеше за тоа да се покаже кој е “главен“ во Манчестер, и таа битка ја доби четата на Пеп Гвардиола. Ова беше меч од 27.коло во Премиерлигата, и сега со оваа победа Сити и натаму е само на бод зад водечкиот Ливерпул.

А се почна лошо за Сити кога Рашфорд со “бомба“ од далечина донесе водство за гостите.

Следуваше епското промашување на Халанд, за да потоа работите во свои раце ги преземе Фил Фоден и со два прекрасни гола, посебно оној првиот беше фантастичен, за пресврт и за водство на Сити од 2:1.

За да нво последните минути Халанд покажа дека сепак е мајстор за голови стави точка на мечот со гол за конечни 3:1.

Спектакл во Премиерлига, уште еден меч за уживање.

 

 

ПретходноМВП признанието за Ивана Кметовска
СледноМората промаши пенал, па се “извади“: Триумф на четата на Симеоне! (ВИДЕО)