Оваа Болоња ама воопшто не се шегува. Попладнево во Бергамо момците на стратегот Тиаго Мота славеа како гости со 1:2 и со тоа сега имаат шест од шест, шест победи на последните шест меча во Серија А и сега дефинитивно се зацврстија на 4.место на табелата кое носи во Лигата на Шампионите.
Ова не и се случило во последните 57 години.
Аталанта поведе со голот на Лукман во 28.минута, за да потоа за само четири минути од 57. до 61.минута Зиркзе и Фергусон стрелаа за конечни 1:2, за победа на Болоња.
🇮🇹 Goal: Lewis Ferguson | Atalanta 1-2 Bolognapic.twitter.com/nCwA7yiLFE
— FootColic ⚽️ (@FootColic) March 3, 2024










