Дерби во „Билјанини Извори“: ГРК Охрид во нов обид да го урне Алкалоид

216

Четвртото коло во плеј-офот во Супер-лигата ќе биде заокружено со дерби меч. ГРК Охрид на домашен терен го пречекува лидерот, Алкалоид, мечот е закажам во 18:30 часот.

Македонскиот вицепрвак од стартот на сезоната нема пораз, вклучувајќи и трите меча во битката за титулата. Дуелот со ГРК Охрид е еден од серијата на клучни натпревари во здржување на лидерската позиција, но и тест за вистинските сили оваа сезона.

На другата страна избраниците на Стевче Алушовски оваа сезона се наметнаа како еден од најнезгодните противници, имааат конкурентен состав, а тоа го потврдија и против Пелистер во минатото коло.

Алкалоид ги доби сите пресметки до сега против охриѓани, како и првите две оваа сезона. Теренот во „Билјанини Извори“ сигурно ќе биде пеколен, што пак најавува одлична пресметка.

ПретходноНикола Јокиќ му се „закани“ пред мечот, Леброн се изнасмеа (ВИДЕО)
СледноЏорџина ги откри плановите на Роналдо