Неверојатно: Вчера од 10-те голови во ПМФЛ дури девет беа дело на странци!

516

Раритет во вистинска смисла на зборот. Вчера се одиграа сите шест средби од 21.коло во ПМФЛ. Не беше којзнае колку ефикасно ова коло, “паднаа“ само 10 голови.

Сепак интересно е тоа што дури девет од нив беа дело на странци, а само еден беше постигнат од еден домашен играч и тоа оној на Самир Фазли (Македонија ЃП) против Воска Спорт.

Инаку двата гола за охриѓани беа дело на Никола Стијеповиќ и Алекса Марушиќ (Црна Гора).

Шкендија го победи Вардар со 3:0. Два гола постигна Ералдо Чинари а еден Бруно Дита, и двајцата се интернационалци од Албанија.

Гостивар славеше со 2:0 против Брера и тоа со головите на Алпер Потук (Турција) и Масаки Такахара (Јапонија).

И Работнички ја победи Брегалница со 2:0 со головите на Марселин Биала Гандо (Камерун) и Садик Рашид (Нигерија).

Значи 9 голови постигнале играчи од Албанија (3 голови), Црна Гора (2), Турција (1), Јапонија (1), Камерун (1), Нигерија (1) и Македонија (1) во нашата Прва лига.

Навистина интересно…

ПретходноБез голови во Билбао, повреди на Де Јонг и Педри кој плачеше на клупата! (ВИДЕО)
СледноНестварен настап на Нуркиќ, никој нема „собрано“ толку скокови од 2010 година (ВИДЕО)