Во очекување на утрешното големо дерби во Скопје меѓу шампионот Работнички и годинава непоразениот состав на Струмица, викендов се одигра второто дерби во плеј-оф групата во домашниот одбојкарски шампионат во женска конкуренција. Во Струмица, екипата на Наковски Волеј ја оствари десеттата сезонска победа, откако со 3:1 славеше над екипата на Јанта Волеј. Наковски В. Со оваа победа останува на третото место на табелата во борба за што подобар старт во плеј-оф разигрувањето.
Во плеј-аут делот викендов две максимални победи за гостинските екипи. Фит Фан Волеј славеше против Вардар 2019, додека Младост УГД беше доминантен на дуелот со Вардар ЕМ.
Прва лига (жени), Втора фаза-1, 4-то коло
Наковски волеј – Јанта волеј 3:1 (25:19, 25:17, 20:25, 25:14)
Работнички Скопје – Струмица жени (понеделник, 17.00, МРТ-3)
ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (49); 2. Јанта Волеј (33); 3. Наковски В. (32); 4. Работнички (29).
Прва лига (жени), Втора фаза-2, 4-то коло
Вардар жени – Фит фан волеј 0:3 (19:25, 16:25, 23:25)
Вардар ЕМ – Младост УГД 0:3 (14:25, 23:25, 23:25)
ТАБЕЛА: 1. Фит Фан Волеј (31); 2. Младост УДГ (23); 3. Вардар ЕМ (10); 4. Вардар 2019 (0).