Динамо Загреб на Максимир го победи Славен со 5:2 во 26. коло од Хрватскиот шампионат.
Поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски одмораше, но и покрај тоа заработи жолт картон во вториот дел, а причината е приговор кон судијата. Во еден момент заедно со Периќ ги фрлија топките во поле за да им ги дадат на соиграчите.
Во еден момент четвртиот судија го повика Колариќ на клупата, покажа кон Ристовски и Периќ, а Колариќ им ги покажа картоните. Тие поради ова нема да играат во следното коло против Рудеш.