Пато: Не сум го „газел“ Кехинде – немам БМВ

2997

Огромна реакција предизвика нашиот тест од попладнево во кој како редакција ги објаснивме причините на читателите и љубителите на фудбалот за причините поради кои дојде до инцидент и обид за тепачка по натпреварот Гостивар – Вардар (0:0).

Нигериецот Ланре Кехинде се обиде физички да се пресмета со Кристијан Николовски – Пато. Наводно фудбалерот на Вардар пред неколку дена во Скопје се обидел со автомобил дa го прегази фудбалерот на Гостивар.

Не знам од каде му се на Кехинде таквите информаци. Во соблекувалната, на соиграчите од Гостивар им покажувал моја слика, и ме клеветел дека сум сакал да го прегазам на тротоар во скопската населба Аеродром. Тврдам и одговорно демантирам дека сум имал било каква средба со Кехинде. Јас не ни имам таков БМВ автомобил. Со него освен на теренот не сум имал никаква средба и не ни сакам да имам… Тешки клевети за нешто што ни во најлуд сон не би го направил. Тоа што Гостивар двапати нe успева да нѐ победи е нивeн проблем. Не треба со вакви сценарија и измислени работи да се прават тензии…

Сите знаат каков играч сум на терен, а каков човек сум надвор од него. Ако некој некогаш се пожалил на мене и на моето однесување, еве, нека се јави веднаш. Но нема таков, освен Кехинде кој очигледно дека е во огромна заблуда“, беше реакцијата на Кристијан Николовски – Пато на обвинувањата од Гостивар и противничкиот фудбалер Ланре Кехинде.

ПретходноТензиите во Гостивар имаат други сценарија надвор од теренот
СледноДали е ова најбизарната сцена во историјата на фудбалот?! (ВИДЕО)