Бизарен жолт картон за Стефан Ристовски

137

Динамо Загреб на Максимир го победи Славен со 5:2 во 26. коло од Хрватскиот шампионат.

Поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски одмораше, но и покрај тоа заработи жолт картон во вториот дел, а причината е приговор кон судијата. Во  еден момент заедно со Периќ ги фрлија топките во поле за да им ги дадат на соиграчите.

Во еден момент четвртиот судија го повика Колариќ на клупата, покажа кон Ристовски и Периќ, а Колариќ им ги покажа картоните. Тие поради ова нема да играат во следното коло против Рудеш.

ПретходноМакедонија У-15 ќе одигра два контролни меча со Хрватска
СледноГолот на годината падна во Росоман: Стефан Костовски од пола терен ја „тресеше“ мрежата! (ВИДЕО)