Познато е дека кога станува збор за фудбалери од Африка секогаш треба да се биде внимателен за тоа кога се тие родени и колку навистина имаат години.
Па така во безброј случаеви се знае дека тие кога ќе дојдат во Европа просто лажат за своите години и се прават помлади од она што навистина се.
Се чини дека на се ова, на овие скандали, раководството на Фудбалскиот Сојуз на Камерун има намера да му стави крај. Па така суспендирани се 62 фудбалери и тоа поради лажирање на тоа кога навистина се родени.
Еден од тие е и Вилфред Дуала, кој беше дел од репрезентацијата на Камерун на последниот АКН. Во неговата биографија стои дека има 17 години, ама според фотографијата долу се гледа е дека далеку повозрасен.