Франција со Мбапе, Жиру и Гризман ќе го нападне златото на ОИ во Париз?!

123

Познато е дека ова лето ОИ ќе се одржат во Париз. Па така домаќините имаат најголеми амбиции на фудбалскиот турнир. Не е тајна дека од селекторот Тиери Анри се бара злато, тука нема никакви дилеми.

Со оглед на амбициите Анри има намера да ги повика Килијан Мбапе, Оливие Жиру и Антоан Гризман, со оглед на тоа дека има право на тројца играчи во составот кои се постари од 23 години.

Се разбира дека со овие тројца во тимот Франција ќе има страшно квалитетна селекција и не би требало да има проблеми да го освои турнирот на Олимпијадата.

Интересно е тоа што сите четворица, Анри како селектор и Мбапе, Жиру и Гризман како играчи, се најдобрите стрелци во историјата на селекцијата на Франција.

ПретходноТретолигашот Шкендија Арачиново наскоро ќе добие нов, модерен стадион! (ФОТО)
СледноЃоргиев: Добивме добра група, ќе се бориме за нов настап на Европско