КЛ: Астон Вила доминираше со Ајакс, Олимпијакос се врати за продолженија

267

Астон Вила со 4:0 го порази Ајакс и на доминантен начин го потврди своето место во четвртфиналето на Конференциската лига на УЕФА. По оние 0:0 на првиот меч во Амстердам, на „Вила Парк“ момците на Емери одиграа одличен меч и со головите на Воткинс и Бејли победоа со 2:0, па потоа Дуран и Диаби погодија уште двапати за уште поубедлив триумф на домашните.

Бриж со високи 3:0 го порази Молде и му врати за минималниот пораз на првиот меч. Овој убедлив триумф на Белгијците им обезбеди место во четвртфиналето.

Лил одигра 1:1 со Штурм, но поради победата од 3:0 на првиот меч овде се одамна беше решено. Вечерва домашните поведоа со голот на Сантос, додека Бирет донесе реми за Австријците.

Во најинтересниот реванш меч вечерва, Олимпијакос на гости против Макаби ТА успеа да слави со идентични 4:1, како што на првиот меч во Атина славеа Израелците. Тие вечерва беа домаќини во Србија, но не успеаја да ја одбранат големата позитива која ја имаа од првиот меч. Средбата отиде на продолженија.

ПретходноУбедливо деби на Сигурдсон, Хрватска ја растури Австрија
СледноЛЕ: Ливерпул како машина, Шик со два гола во судиско продолжение го воскресна Баер (Л)