Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов, по мечот со Молдавија (1:1) вели дека го имавме мечот во свои раце.
„Одигравме добри 75 минути и го имавме натпреварот во наши раце. Одигравме машки и ги слушавме советите на селекторот. Ова е натпревар кој ќе ни послужи за важните мечеви кои ни следуваат. Одигравме добар натпревар, но за жал на крајот не стигнавме до победа. Бевме на добро ниво и среќни сме со тоа. Ако одиграме машки против Црна Гора мислам дека ќе имаме поволен резултат, иако Црна Гора е квалитетен тим“, изјави нашиот играч за врска.