Голден Арт го изненади Пролет во Купот на Македонија

102

Ракометарите на Голден Арт направија изненадување победувајќи го Т. Пролет во мечот од завршната рунда во групите од Купот на Македонија. Голден Арт направи изнандување откако убедливо го доби мечот со 32:22, и тоа благодарение на одличната игра во вториот дел.

Првото полувреме на средбата заврши нерешено, 12:12, но во вториот дел „градежниците“ одиграа одлично и дојдоа до посакуваната победа. Сега тие го чекаат дуелот меѓу Радовиш и Вардар, па со победникот од овој меч ќе се борат за место на Ф4 турнирот во Купот.

ПретходноАтанасов: Одигравме машки, но за жал не успеавме да победиме
СледноБарса го сака Феликс на позајмица и следната сезона, Атлетико бара каде да го продаде