Најмалку четири лица загинаа, а седум се повредени во несреќата што се случи на Унгарското рели „Естергом-Нјергес“.
Еден автомобил се излизга на патеката и удри во публиката. Унгарските медиуми јавуваат дека еден од возачите изгубил контрола и излетал од патеката.
Според досегашните информации четири лица загинале, а седум се повредени. На местото на несреќата пристигнале осум возила на брза помош и четири спасувачки хеликоптери.
💥🇭🇺 Hongrie – 🏎️
4 morts et 8 blessées après qu’une voiture a percuté les spectateurs lors du Rallye Esztergom-Nyerges.
Vidéo ⤵️ pic.twitter.com/EDsFPTofBQ
— Marto Pirlo (@martopirlo1) March 24, 2024