Алкалоид го победи Бутел за место на Ф4 турнирот од Купот

137

Ракометарите на Алкалоид се последниот патник на завршниот турнир од ракометниот Куп на Македонија. Во последното финале од групната фаза, вечерва ракометарите на Алкалоид славеа во скопското дерби против екипата на Бутел со 23:20.

Ракометарите на Бутел одиграа одлично прво полувреме и имаа предност од 11:9. Алкалоид се созема на стартот на вториот дел кога успеа во рвите десетина минути да дојде и до предност (14:15). До крајот на мечот Алкалоид ја задржа предноста и успеа да дојде до планираното место на Ф4 турнирот.

Серафимов со 9 гола беше најефикасен кај екипата на Алкалоид.

ПретходноТрагедија во Унгарија: Четири лица загинаа на рели трка (ВИДЕО)
СледноАБА 2: МЗТ Скопје за малку не успеа во една четвртина да се врати од минус 23