АБА 2: МЗТ Скопје за малку не успеа во една четвртина да се врати од минус 23

232

Кошаркарите на нашиот шампион МЗТ Скопје А. загубија во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во АБА 2 лигата и на крајот финишираат на 5. место. Во директната пресметка за 4. место кое може да води и во директен бараж за пласман во АБА лигата следната сезона, „штрковите“ не успеаја да го изненадат домаќинот на турнирот и на крајот загубија со 82:79.

Интересно е што МЗТ Скопје А. во најголемиот дел од мечот беше во длабока негатива, па конечно почна да игра кошарка во финалните 10 минути, кога и се избори за драматична завршница на мечот во која имаше и два обида со „тројка“ да изборат продолженија, но на крајот не успеаја.

Во првото полувреме Широки доминираше на паркетот и направи огромна предност од +15, која на моменти во третиот период отиде и на +23 (67:44). Сепак, фуриозната завршна четвртина за малку можеше да донесе неочекуван расплет на натпреварот, но за жал среќата не ги послужи аеродромци.

Баковиќ со 16 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје А., додека Далалиќ постигна 12. Двоцифрен беше само уште Војдан Стојановски со 10 поени.

ПретходноАлкалоид го победи Бутел за место на Ф4 турнирот од Купот
СледноПросинечки за утрешниот меч со Македонија ќе го смени цел прв тим