Откако не се појави на последниот меч со Портланд, српскиот центар Никола Јокиќ се уште е во фокусот на американските медиуми поради повредата која може сериозно да се одрази врз екипата на Денвер и настапот во завршницата на НБА сезоната. Харисон Винд, новинар близок до тимот на актуелниот шампион во НБА лигата, излезе со информација дека и Јокиќ и Мареј се под знак прашалник не само за следниот меч на тимот, туку и за подолг период.
Засега никој не потврдува колку долго Јокиќ ќе мора да паузира поради повредата на колкот, но Винд вели дека неговото враќање на паркетот може да се пролонгира.
Денвер моментално е на првото место во Западната конференција, благодарение на одличните игри од почетокот на сезоната.