Познати и полуфиналистките на женскиот Куп на Македонија

142

Викендов се одиграа четртфиналните групи од Купот на Македонија во ракомет во двете конкуренции, па откако ги добивме сите учесници на машкиот финален турнир, познати се и четирите тима кои ќе се борат за куп-трофејот кај дамите.

Во вчерашните викенд натпревари победи обезбедија три скопски екипи и екипата на Куманово, која успеа да го елиминира Металург и да се пробие до Ф4 турнирот.

Куманово славеше над Металург со 21-20, а победи на финалните дуели во преостанатите групи обезбедија и Чаир над Овче Поле со 46:29, Вардар против Деспина 30:21 и шампионот Ѓорче Петров кој немаше проблеми со Пелистер победувајќи со високи 47:26.

Завршницата на купот ќе биде во мај.

ПретходноДенвер во неизвесност: Никој не кажува колку Јокиќ ќе биде надвор од терените
Следно“Жешко“ било вчера во Синѓелиќ: “Живи нема да излезете од тука“!