Мега со фантастичен финиш ја победи Звезда!

244

Кошаркарите на Мега ја победија Црвена Звезда со 89:83 во 24. коло од АБА лигата и со тоа ја забележаа петтата последователна победа во регионалниот шампионат, додека Звезда го забележа четвртиот пораз.

Мега во последната четвртина направи серија 13:2 и по долго време повторно поведе. Следуваа неколку контранапади на двете страни, главно неуспешни. Ханга ги постигна поените кои ја вратија Звезда во водство, а потоа имаше резултатски замав. Мега ги казни грешките на црвено-белите и дојде до осум поени предност на минута до крајот на натпреварот. Немаше доволно време Звезда да го смени овој резултат.

Претходно Звезда со серија од 10-2 на стартот на третата четвртина за првпат поведе со двоцифрена разлика (61-50), но ниту ова не беше доволно да се урне отпорот на противникот.

Миљеновиќ беше најефикасен кај Мега со 18 поени, Плавшиќ постигна дабл-дабл со 16 поени и 11 скока. Кај Звезда се истакна Ханга со 22 поени, Недовиќ заврши со 16.

ПретходноБунт на српските навивачи по Кипар: Очајно и срамно, Пикси оди си!
СледноМилевски: Ако Македонија во иднина изгледа вака – ќе бидам среќен!