По три децении, две европски и едно светско првенство, судијата Мицевски замина во пензија

302

Вчерашната завршница на одбојкарскиот Куп на Македонија и во двете конкуренции ќе остане запаметена и по последната судиска арбитража на еден од нашите први одбојкарски судии интернационалци, Никола Мицевски. По 31 година активно судење на домашната сцена и цели 23 години со статусот Меѓународен судија на ЦЕВ и ФИВБ, Мицевски вчера замина во судиска пензија.

Во својата активна кариера, штипскиот судија имаше над 150 официјални меѓународни натпревари, судеше и на три финалиња во европските купови, арбитрираше на две Европски првенства, едно Светско првенство, како и на многу други натпревари.

Одбојкарката федерација на Македонија вчера пред финалето во машка конкуренција му се заблагодари за долгогодишната работа со пригодни подароци.

ПретходноАгуеро најавува кам-бек: Ако тестовите на срцето се добри, го облекувам дресот на Индепендиенте!
СледноХајдук ќе го донесе и Ребиќ на „Пољуд“?