Хајдук ќе го донесе и Ребиќ на „Пољуд“?

138

Сплитски Хајдук сака да го врати во Хрватска и Анте Ребиќ. 30-годишниот фудбалер на Бешикташ пристигна во Турција од Милан како слободен играч летото 2023 година, но очигледно не се снајде најдобро во новата средина. Тој досега има одиграно 23 меча за „црно-белите“ од Истанбул, постигна еден гол и имаше пет асистенции, но на 11 март турските медиуми објавија дека португалскиот тренер Фернандо Сантош го исфрлил од тимот затоа што наводно направил неред.

Ребиќ последните пет првенствени натпревари на Бешикташ ги гледаше од клупата или од трибините. Турските медиуми наведуваат дека Ребиќ игра под очекувањата во Бешикташ, и нема да биде чудно доколку летово си замине.

ПретходноПо три децении, две европски и едно светско првенство, судијата Мицевски замина во пензија
СледноПочина тренерот кој во 1993 година го освои првиот куп во Македонија