Фудбалската репрезентација на Србија победи на пријателскиот натпревар против Кипар со 1:0, но навивачите на оваа селекција воопшто не се задоволни од изданието на својата репрезентација и тоа јасно го истакнаа на социјалните мрежи.
Србија го совлада Кипар со 1:0 во Ларнака со голот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Сепак, „орлите“ изгледаа доста скромно на теренот, на крајот среќно извлекоа победа без која дефинитивно ќе останеа доколку на спротивната страна имаше посериозен ривал.
Како изгледаа избраниците на Драган Стојковиќ Пикси на денешниот натпревар, многу говорат коментарите на српските навивачи по овој меч. На неполни три месеци пред еврото се бара заминување на тренерот.
„Очајно, Пикси си оди“, е еден од коментарите, додека друг српски навивач додава: „Зарем не е доволно срам со Пикси?
„Срамно“ и „Очајно“ се доминантни зборови, а особено се истакна еден од коментарите на фановите на „орлите“: „Дали ова е атрактивниот фудбал што го бара Пикси?“.
🇨🇾 𝟬-𝟭 🇷🇸 | Победа Србије на Кипру! 👏🏻🦅 pic.twitter.com/1bFQld9PLE
— Fudbalski savez Srbije | FA of Serbia (@FSSrbije) March 25, 2024
Очигледно е големото незадоволство на српските навивачи. Стојковиќ од сакана личност стана омразен и ретко кој го поддржува.
Сепак, без разлика на се, 59-годишниот играч останува на клупата на „орлите“. Тој пред неколку дена го продолжи договорот и ќе ја предводи Србија во квалификациите за СП.