Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на АТП мастерс 1000 турнирот во Мајами.
Тој во третото коло беше подобар од Французинот, Гаел Монфис со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-4. Во осминафиналето Алкараз за противник ќе го има Италијанецот, Лоренцо Музети кој беше подобар од домашниот тенисер Бен Шелтон.
Кај дамите се случи сензација. Најдобрата тенисерка Ига Швјонтек во осминафиналето беше поразена од Русинката, Екатерина Александрова со 2-0, по сетови 6-4 и 6-2.