Спасителот на Дани Алвеш е познато фудбалско име кое искешира еден милион евра

436

Дани Алвеш ги помина претходните 14 месеци во затвор под обвинение за силување. Неодамна славниот бразилски фудбалер беше осуден на четири и пол години затвор, но судот во Барселона прифати кауција од милион евра за да биде ослободен.

Покрај оваа бројка, Алвеш морал да ги предаде и двата пасоши што ги поседува (Бразил, Шпанија), а постојано ќе биде под полициски надзор и не смее да се приближува до жртвата на силување.

Поранешниот фудбалер е слободен благодарение на пријателите. Најпрво Нејмар го спаси од уште поголеми казни бидејќи на девојката и плати отштета од 150.000 евра, па казната беше намалена за 50 отсто и беше осуден на четири и пол години затвор.

Нејмар се истакна и како главен кандидат за исплата на кауција од милион евра за Алвеш да биде ослободен, но тој одби, па Даниел мораше да остане зад решетки уште неколку дена. Сепак, се појави неочекуван спасител. Еден милион евра за слободата на Алвеш наводно платил напаѓачот на Атлетико Мадрид, Мемфис Депај.

Двајцата ги врзува големо пријателство. Сега реши да му помогне и барем да го извлече од затвор на некое време, но тоа е нешто што Бразилецот дефинитивно никогаш нема да го заборави.

Дани Алвеш и Мемфис Депај на кратко играа заедно за Барселона. Сепак, очигледно е дека многу се зближиле и Бразилецот дефинитивно може да се пофали дека има вистински пријатели.

ПретходноУ-19: Нека биде победа за крај на елитните квалификации
СледноАлкараз завери осминафинале во Мајами, изненадување кај дамите