Алкараз завери осминафинале во Мајами, изненадување кај дамите

156

Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на АТП мастерс 1000 турнирот во Мајами.

Тој во третото коло беше подобар од Французинот, Гаел Монфис со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-4. Во осминафиналето Алкараз за противник ќе го има Италијанецот, Лоренцо Музети кој беше подобар од домашниот тенисер Бен Шелтон.

Кај дамите се случи сензација. Најдобрата тенисерка Ига Швјонтек во осминафиналето беше поразена од Русинката, Екатерина Александрова со 2-0, по сетови 6-4 и 6-2.

ПретходноСпасителот на Дани Алвеш е познато фудбалско име кое искешира еден милион евра
Следно10-ти април, датум кој треба да го сочуваат навивачите на МЗТ Скопје