Неверојатен скандал во НБА, се обложувал на себе и барал да излезе од игра!

3110

Кошаркарот на Торонто Репторс, Џонтај Портер е под истрага затоа што се обложил против себе и ги советувал другите да го сторат истото. Два натпревари во кои одигра само неколку минути, иако требаше да биде во посериозна ротација, се под знак прашалник.

Портер е под истрага за мечевите на 26 јануари и 20 март, во кои беа извршени неочекувано голем број уплати на неговиот настап, односно ќе остане под разликата во поени, скокови и тројки.

Во јануари одигра само четири минути против ЛА Клиперс, а потоа ја напушти играта поради повреда на окото што ја заработи претходно. Остана под маргината во сите категории. Истото се случи и минатата недела против Феникс, кога играше три минути пред да излезе поради болест. Во околните натпревари Портер играше најмногу дваесетина минути.

На спорните натпревари се плаќаа суми од над 20.000 долари на „under“ на Портер, иако во повеќето американски обложувалници максимално дозволеното обложување на такви облози е 2.000 долари. Во двата случаи, облозите против него дадоа најголеми исплати на денот од кој било облог поврзан со НБА.

Тренерот на Репторс, Дарко Рајаковиќ, не сакаше да коментира, само рече дека како тренер никогаш не се сомнева во своите играчи доколку се жалат на болки и му кажат дека не можат повеќе да играат, како што тоа го направи Портер во два спорни случаи.

ПретходноСемоќниот Јокиќ повторно делеше стари финти во НБА-лига (ВИДЕО)
СледноПоранешниот англиски репрезентативец призна: Роналдо ми беше вистински кошмар!