Поранешниот англиски репрезентативец призна: Роналдо ми беше вистински кошмар!

615

Поранешниот дефанзивец на Арсенал и Челзи, Ешли Кол зборува за играње против Кристијано Роналдо во Премиер лигата. Поранешниот англиски репрезентативец изјави дека и покрај сериозните битки со Португалецот, многу го почитува.

„Имаше сè на теренот – дриблинг, можеше да спринтира, да скока и со глава, да се движи во центарот и да игра на крилните позиции. Ти велам, ми беше кошмар. Се обидовме да се прилагодиме еден на друг и одвреме-навреме се надигрувавме. За него Премиер-лигата беше непознато, но сфати што треба да направи за да биде на врвот. Роналдо сакаше да биде најдобар во светот и стана машина“, изјави Кол.

Вчера беше објавено дека Ешли Кол е примен во Куќата на славните во Премиер лигата.

ПретходноНеверојатен скандал во НБА, се обложувал на себе и барал да излезе од игра!
СледноПоради долгови: Вилата на легендарниот Бразилец, која вреди 7,5 милиони евра, на аукција!