Поради долгови: Вилата на легендарниот Бразилец, која вреди 7,5 милиони евра, на аукција!

5353

Сите се сеќаваме на легендарниот бразилски бек Кафу, кој во 2002 година беше светски првак а играше во Рома, Милан, беше капитен на својата селекција.

Како што известуваат медиумите во Бразил, Кафу поради долгови кон државата, веројатно неплатен данок, ја даде својата вила, која вреди 7,5 милиони евра, на аукција.

Ако не се продаде на таа закажана аукција, тогаш државата ќе му ја одземе за двојно помала цена.

Самата вила е распространета на седум спрата со вкупна површина од 2.500 м2, чист луксуз, со шест апартмани и се што треба.

ПретходноПоранешниот англиски репрезентативец призна: Роналдо ми беше вистински кошмар!
СледноСо 20 ракометарки по виза за ЕП 2024