Нашата селекција до 19.години попладнево од 14 часот на теренот на ФФМ, го игра последниот меч од елитните квалификации за пласман на ЕП 2024. Противник ќе ни биде селекцијата на Летонија, ова ќе биде шанса за со победа да ставиме крај на овој турнир кој се одржува во Скопје ако се знае дека ние уште по првиот меч и пораз од Украина, а посебно по вториот од Швајцарија, ги загубивме шансите за пласман на ЕП.
Па така денеска од момците на селекторот Тони Јакимовски се очекува добра партија, со победа да ги завршат квалификациите и да покажат дека не случајно се нашле тука во елитната фаза од квалификациите.
На вториот меч (14 ч) од нашата група меѓу Украина и Швајцарија, кој се игра во Ѓорче, ќе решава победникот во групата кој ќе обезбеди место на ЕП.
ДЕНЕСКА, 14 Ч, ГРУПА – 7
МАКЕДОНИЈА – ЛЕТОНИЈА
УКРАИНА – ШВАЈЦАРИЈА
ТАБЕЛА
1.УКРАИНА 6
2.ШВАЈЦАРИЈА 6
3.ЛЕТОНИЈА 0
4.МАКЕДОНИЈА 0