Пред две недели „АС“ излезе со информација дека еден од најдобрите голмани во Ла Лига, нашиот Столе Димитриевски има договор со Валенсија и дека по завршување на сезоната ќе се пресели од Рајо Ваљекано на Местаља.
Сепак попладне од Шпанија доаѓа демант и тоа директно од Македонецот кој за “Радио Марка“ има изјава дека засега нема договор, уште помалку потпис со некој друг клуб:
„Не е точно тоа дека сум се договорил или потпишал со некој друг клуб. Можам да кажам дека сеуште се водат преговори, не е тајна дека сакам да останам тука, во овој клуб и со овие навивачи, но ќе видиме што ќе се случи“ изјавил Димитриевски.